Комерцијалните банки вчера инвестираа сума од 125 милиони евра на име благајнички записи, по камата од 4 отсто, што покажува дека банките повторно навалија на овие краткорочни хартии од вредност на Народна банка на Македонија. Моментно банките во овој инструмент во централната банка имаат депонирано 476 милиони евра. По подолг период, благајничките записи повторно станаа интересни за банките. Ова практично значи дека нивната ликвидност кулминира и дека повторно имаат неискористени пари во своите трезори. Во претходните месеци тие врзуваа од 50 до 100 милиони евра, секоја среда во НБМ, но оваа сума по подолго време се искачи на над 100 милиони евра. Овој тренд на пласирање големи средства во благајнички записи беше карактеристичен за минатата година и почетокот на оваа, по што спласна интересот за благајничките записи.
Комерцијалните банки вчера инвестираа сума од 125 милиони евра на име благајнички записи, по камата од 4 отсто, што покажува дека банките повторно навалија на овие краткорочни хартии од вредност на Народна банка на Македонија.
Моментно банките во овој инструмент во централната банка имаат депонирано 476 милиони евра.
По подолг период, благајничките записи повторно станаа интересни за банките. Ова практично значи дека нивната ликвидност кулминира и дека повторно имаат неискористени пари во своите трезори. Во претходните месеци тие врзуваа од 50 до 100 милиони евра, секоја среда во НБМ, но оваа сума по подолго време се искачи на над 100 милиони евра. Овој тренд на пласирање големи средства во благајнички записи беше карактеристичен за минатата година и почетокот на оваа, по што спласна интересот за благајничките записи.
Истовремено, вчера банките повлекоа 116 милиони евра од централната банка, вклучувајќи ја и каматата, по која претходно ги имаа инвестирано средствата во овие краткорочни хартии од вредност.